Home » Прогноза на ММФ за македонската економија- со предвиден раст на БДП од 3,2% меѓу државите со понизок раст

Прогноза на ММФ за македонската економија- со предвиден раст на БДП од 3,2% меѓу државите со понизок раст

by Журнал.мк

Македонија е меѓу земјите со прогноза за понизок раст на економојата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ прогнозира и оваа и следната 2026-та година Македонија да ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти.

Прогнозите се и дека 2025-та, државата ќе ја заврши со стапка на инфлација од 3,4 отсто, а следната таа да падне на 2,2 проценти.

Дефицитот на тековната сметка според прогнозите на Фондот треба да биде 2,2 проценти.

Од земјите во регионот, за Србија прогнозите се да биде со економски раст од 3,5%, Албанија да има повисок БДП за 3,8 проценти, а Косово 4 отсто.

За Црна Гора се прогнозира да има раст на БДП ист како Македонија односно 3,2%, а со најнизок раст на економијата да биде БИХ со 2,8 отсто.

Бугарија која е и земја членка на ЕУ пак се очекува да ја заврсши 2025-та со раст на БДП од скромни 2,5%.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk