Home » Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи

by Журнал.мк

Силно невреме ги погоди Авганистан и Пакистан и предизвика поплави кои досега однесоа повеќе од 70 животи.

Најмалку 39 лица загинаа во Пакистан откако силно невреме го погоди југозападниот дел на земјата.

Силни поплави се забележани и во соседен Авганистан, каде животот го загубија 33 лица, а стотици куќи беа оштетени, соопштија авганистанските власти.

Најпогодена е пакистанската провинција Пенџаб, каде од петок до недела загинаа дури 21 лице од удари од гром, пренесе АФП.

Поплавите кои следеа го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и транспортот, а поплавени беа и бројни земјоделски површини.

Некои од загинатите се земјоделци кои за време на невремето се нашле на полињата, јави Би-би-си.

Во наредните денови не се очекува стабилизирање на времето, па пакистанските власти предупредија на можност од лизгање на земјиштето и нови поплави.

Неколку провинции, исто така, прогласија вонредна состојба, а многу училишта беа затворени до средината на неделата.

Во последниве години, Пакистан бележи зголемување на екстремните временски настани предизвикани од климатските промени.

На пример, во 2022 година, во поплавите загинаа 1.700 луѓе, а милиони останаа без покрив над главата. Со месеци по тие поплави, многу Пакистанци беа без вода за пиење.

Некои од областите погодени од поплави во 2022 година беа повторно погодени од неодамнешните бури.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More