Home » Професорката Павловска Данева е новиот предлог за уставен судија, откако беше повлечена номинацијата за Љубомир Јовески

Професорката Павловска Данева е новиот предлог за уставен судија, откако беше повлечена номинацијата за Љубомир Јовески

by Журнал

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ана Павловска-Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија, откако вчера на собраниската Комисија за избори и именувања беше повлечен предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Предлогот за избор на Павловска Данева за уставен судија е на дневен ред на денешната седница на Комисијата. Павловска Данева е и поранешна пратеничка на СДСМ.

„ Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Таа е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, е наведено во биографијата на Павловска Данева доставена до Собранието.

Павловска Данева автор и коавтор е на 10 универзитетски учебници и неколку монографии и коментари на закони. Во биографијата на Павловска-Данева се вели дека таа поседува одлични менаџерски, комуникациски, организациски и истражувачки вештини стекнати и надградувани во текот на кариерата, особено при работата и координацијата на поголеми (често мултидисциплинарни) тимови во рамките на проекти поддржани од Европската унија, ОБСЕ, СИГМА, УСАИД, Светската банка и слично. Активно ги владее англискиот и рускиот јазик.

За досегашниот кандидат, Љубомир Јоивески, повлекувањето на неговата кандидатураја без никакви објаснувања и основи е вулгарно.

-Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот, оставајќи ме ранлив на непотребни критики – изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk