Home » Проф. Марковски: Ако не се одржуваат, мостовите може секој миг да се урнат

Проф. Марковски: Ако не се одржуваат, мостовите може секој миг да се урнат

by Журнал.мк

Во септември годинава мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката. За среќа тогаш немаш повредени бидејќи несреќата се случи во три часот по полноќ. Причина за уривањето најверојатно е корозија на меалната конструкција.

Но каква е состојабата со мостовите во Скопје, ги има 20-тина и за нив е надлежен Градот Скопје.

По пожарот на мостот „Беласица“ минатата година, кога изгореа цевките на ЕСМ, градските власти постојано даваа изјави кои се спротивни на оние на кои предупредуваа стручните лица и професорите од Градежниот факултет во Скопје, а тоа е дека мора да се направат сериозни проценки и тестирања пред овој мост да се пушти во употреба, особено сега откако се монтираат новите цевки.

Но во Скопје други два моста се наоѓаат во т.н ризчина група на мостови, а тоа се мостот „Обединети нации“ меѓу населбите Влае и Карпош 4, како и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

На оваа тема разговаравме со д-р Горан Марковски, професор на катедрата за бетонски конструкции и мостови на Градежниот факултет на УКИМ.

Тој за Рацин.мк вели дека согласно стандардите мостовите мора редовно да се прегледуваат, со тоа што секоја година треба да се врши визуелен преглед на состојбата на беше случајот мостот, а на секои три години, односно пет години во зависност од тоа колку е стар објектот и во каква состојба е да се вршат детални прегледи.

-Со тоа се продолжува нивниот век на траење и се зголемува сигурноста за одвивање на сообраќај бидејќи тоа се конструкции кои може и ненадејно да преживеат колапс како што беше случајот неодамна во Дрезден кога сличен на овоие мостови се урна сам од себе во три часот по полноќ. Тоа кажува дека треба ние да будеме будни секогаш и да не ги оставаме мостовите сами на себе. Мостовите во Скопје се во наделжност на Градот Скопје, ние како Градежен факултет и јас лично не сме вклучени во таа активност не ми можел да кажам дали се врши преглед и во каква состојба се тие, меѓутоа дел од нив се во незавидна ситуација и треба да им се посвети соодветно внимание, вели професорот Марковски.

Како што појасни професорот, мостот „Обединети нации“ кој е практично составен од два независни единици, едниот е изграден во 1968 година, односно пуштен тогаш за сообраќај а другиот е нешто подоцна.

-Од каде произлегува критичноста особено на оној првиот, затоа што уште при неговото пуштање забележани се големи отклони, односно големи деформации во средината на распонот, тоа е ова поле што е над реката и тоа ги алармирало тогашните надлежни структури и стручњаците дека има некаков проблем со конструкцијата на мостот. Се работело за армирано бетонски мост без преднапрегање имајќи предвид што се случувало, односот на распоните итн заклучено е дека има проблем со потценување на долготрајните деформации кај бетонот и исто така неговите висината на сандачестите носачи е нешто помала од она што би требало да биде. Имајќи го тоа предвид четири години е следена неговата состојба и од почетните 11 опол сантиметри колку што биле регистрирани на средината на распонот отклонот пораснал на 26 сантиметри, појаснува професорот Марковски.

Тој додава дека во тој период се донесла одлука дека мостот мора да се санира, па извршена е санација со претходно напрегање односно со кабли кои се сместени во структурата на сандакот односно во неговиот простор што е внатре.

-Дали после тоа се вршени некакви контроли на објектот или не , не би можел да кажам, она што е и вака видлиливо однадвор е тоа дека пукнатините коишто се појавени во тек на време се санирани со епоксидни смоли и тоа можеме да го забележиме. Дали и што се случува во сандакот, дали има навлезено атмосферска вода која може да биде доста опасна за каблите не би можел да кажам но во секој случај треба да се направи контрола, вели професорот Марковски.

Според него слична е состојбата и со мостот „Гоце Делчев“.

– Нешто слично се има случено како и со мостот „Обединети нации“, со тоа што тој од почеток е претходно напрегната конструкција, некаде околу 2000 година е исто така зајакнат со внатрешни кабли во сандачестиот пресек се следеше неколку години состојбата како ќе се движи и после тоа мислам дека веќе не се следи, ако се следи е добро но немам податоци дали отклонот се уште расте или состојбата е стабилизирана, вели професорот Марковски.

Според него мостовите се специфични објекти, за жал Македонија нема толку развиена патна мрежа за да имаме алтернативни патишта, на многу патни правци имаме еден единствен пат што поврзува населени места и уривање или прекинување на сообраќај на одреден мост значи прекинување на целиот сообраќај што придонесува за драстични последици за животот и на луѓето и за стопанството.

-За да не се случи тоа мора редовно да ги прегледуваме објектите одржаувањето е една битна ставка особено кај мостовските конструкции, стручните проценки велат дека во текот на годината се издвојува 1 посто од вредноста на чинење на објектот за негово одржување. Што значи дека за 100 години колку што е неговиот пропишан век на траење почетната сума се дуплира поради одржувањето, но колку помалку го одржуваме толку порано тој влегува во критична старост односно неговиот век на живеење експлоатација ќе биде покус. Редовното одржување е многу значајно за нашата држава, интензивната изградба на инфраструктурни објекти како што се меѓудругото и мостовите започнува во почетокот на 60-тите години од минатиот век. Тоа значи дека објектите вече имаат старост од 60-70 години што за тој начин на градење тогаш е сериозна возраст и затоа треба да им се посвети поголемо внимание. Дури јас сметам дека она време и средства со кои што располага државата можеби повеќе да се вложува во одржување на постојното отколку интензивно да се гради ново. Ова им го пренесуваме и на студентите за да бидат свесни што ги очекува и со какви проблеми ќе наидат во текот на нивната пракса и потенцирам уште еднаш, порачува професорот Марковски.

Тој додава дека ништо не трае вечно, а и материјалите за градба кои некогаш се мислело дека се вечни времето покажало дека не е така.

-Почитувајќи ги трендовите на циркуларната економија која е многу популарна, а се во насока на заштита на животната средина тренд во градежништовото е да се направи максимум обид за да се спасат постојните конструкции и некои елементи од нив да се искористат на други конструкции. Оттаму денес сигурно кога би требало да се интервениран овој мост или на слични мостови би требало да се даде се од себе и да се вложи знаење соодветно и работа за да се спаси конструкцијата. Отпадот од неа е голем проблем, рециклирањето на отпадот кај нас оди бавно или никако и затоа тенд треба да биде или градежните инженери да се обидат да ги спасуваат старите конструкции и со тоа позитивно да делуваат и на околината, е неговата препорака за градежниот сектор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk