Предлог- проектот за заобиколница во Кавадарци денеска презентиран пред министерот за транспорт Александар Николовски и директорот на ЈП ДП Коце Трајановски кои беа во работна посета.
Беше извршен увид и во градежните активности на улицата „Ѓорѓи Соколов“. Во однос на заобиколницата Николовски истакна дека ЈП за државни патишта ќе работи на проектирање, а од буџетот ќе се обезбедат пари за заобиколницата. Не посочи рок за изградба, но нагласи дека тоа ќе се случи во овој мандат на владата.