Home » Проекција на Коха за изборите во Косово: ВВ 42,3%, ПДК 21,3%, ЛДК 20,4%, ААК 6,3%

Проекција на Коха за изборите во Косово: ВВ 42,3%, ПДК 21,3%, ЛДК 20,4%, ААК 6,3%

by Журнал.мк

Движењето Самопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите на граѓаните кои го искористиле своето избирачко право на денешните парламентрани избори во Косово, покажува проекцијата на Коха, во која не се вклучени гласовите од дијаспората. Преведено во пратенички мандати, врз основа на оваа проекција со маргина на грешка до 2,54 процентни поени, Самопределување ќе освои 47 места во 120-члениот парламент.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.

Демократската партија на Косово (ПДК) Мемли Красниќи ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите. Според проекцијата, оваа партија има добиено 23 пратенички места.

Демократската лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику забележа најголем пораст од изборите во 2021 година. Од помалку од 13 отсто, оваа партија сега има 20,4 отсто од гласовите, врз основа на проекцијата без дијаспората. Во однос на пратеничките мандати, и оваа партија ќе има 23 пратенички места.

Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, во коалиција со Социјалдемократската иницијатива и други групи, останува четврта политичка сила. Оваа партија ќе освои 6,3 отсто од гласови, и ќе има седум пратеници.

Проекцијата на Коха е базирана на анкета на 1.500 граѓани, од кои 1.300 се Албанци, 100 Срби и 100 од другите немнозински етникуми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk