Home » Продолжува судењето против Димитриевски

Продолжува судењето против Димитриевски

by Журнал.мк

Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, по пријава на двајца бизнисмени. Раководителката на секторот за урбанизам пред судот детално ја образложи целосната постапка. Сларидис Јаневска појасни дека биле запазени законските постапки. Информираше дека по добиени претставки од гимназијата и Здравствениот дом за загрозување на јавен интерес при градба на станбени единици, побарале стручно мислење, по што се пристапило кон суспензија на веќе донесениот детален урбанистички план. Таа обвини за притисок од тужителите. Рече и дека претходно истите инвеститори имале најмалку пет проекти. Се гледало да се запази законскиот рок, но тоа секогаш не било случај поради малиот број на вработени во секторот. Предметот е завршен и издадено е решение за градба.

Адвокатите на тужителите задоволни од досегашниот тек на судењето. Тие се повикуваа на роковите и указите од Уставен и Управен суд.

„Апсолутно е постапувано спротивно на законот од страна на обвинетиот и двете одлуки од страна на Советот едната е поништена другата е укината. Содејствијата на обвинетиот и на причинета штета на сега оштетени, и дека со таквите дејствија го сторил кривичното дело што му се става на товар“, истакна адвокатот на тужителите Виктор Божиновски.

Од одбраната на Димитриевски одбија да се обратат пред медиумите.

Двајцата инвеститори од Куманово бараат надомест на штета од 3,3 милиони денари, бидејќи не добиле дозвола за градба.

Наредното рочиште против градоначалникот на Куманово е закажано за септември, кога искази пред судот треба да дадат вештите лица, по предлог на Обвинителството.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More