Home » Продолжува падот на бројот на население во Албанија

Продолжува падот на бројот на население во Албанија

by Журнал.мк

Во првиот квартал од годинава забележан е пад на населението во Албанија за 883 лица, бидејќи забележани се повеќе смртни случаи отколку родени, соопшти албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ).

Според податоците на ИНСТАТ, бројот на новородени бележи значително намалување од 14,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во регионот на Тирана и натаму има најголем број новороденчиња или 1.750 регистрирани во првиот квартал.

Од друга страна, Ѓирокастро и понатаму има најмал број, само 76 бебиња, продолжувајќи го трендот од минатата година, кога за цела 2024 година имало само 336 новороденчиња.

Сепак, и покрај тоа што морталитетот се намалил за 5,8 проценти, бројот на починати е повисок од бројот на новородените. Само во Тирана починале 1.423 лица, додека во регионот Скадар морталитетот бележи раст од 4,3 отсто.

Во 2024 година вкупно родени се 23.310 бебиња а евидентирани се 22.102 смртни случаи, со разлика од 1.208 повеќе родени од починати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk