Home » Продолжение на 140. седница на Собранието

Продолжение на 140. седница на Собранието

by Журнал

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжение на 140. седница.

Пратениците треба да разгледаат повеќе точки, меѓу кои Предлогот за именување на Јавен обвинител на Македонија, измените на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, и двата по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.

Од дневниот ред на седницата се преостанати неколку точки, Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), повеќе точки за избори и именувања, како директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување…

На дневен ред се предлог-законите за основање Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, за средното образование, за стручно образование и обука, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог-законот за Канцеларија за поврат на имот, како и дополнувањата на законите за извршување, за правосудниот испит, на Законот за нотаријатот, сите во прво читање, Предлог-законот за виното, Предлог- законот за финансиски инструменти, и двата во прво читање.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More