Home » Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Естонија во полето на геологијата и рударството

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Естонија во полето на геологијата и рударството

by Журнал.мк

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Геолошкиот завод беа домаќини на работен состанок со делегација од Естонија, составена од истакнати експерти во геолошката и рударската област. Состанокот беше посветен на размена на идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во полето на геологијата и рударството и за споделување добри практики во регулирањето и развојот на овие сектори, со акцент на зајакнување на правната рамка и институционалната размена на знаења.

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска истакна дека Македонија е решена да ја унапредува својата регулаторна рамка и практики во рударството и геологијата, со цел исполнување на највисоките европски стандарди и одржлив развој на индустријата.

„Наш приоритет е да изградиме отпорен и одржлив рударски сектор, кој е усогласен со нашите еколошки и економски цели“ рече министерката Божиновска.

Претставникот на естонската делегација, Г-ѓа Sirli Sipp Kulli, Директор на Геолошкиот завод во Естонија изрази воодушевување од македонската регулаторна рамка во оваа област и додаде:

„Навистина сме импресионирани од силната правна рамка која Македонија ја има воспоставено во овој сектор. Се надеваме дека ќе ги искористиме вашите искуства за подобрување на нашето законодавство во областа на геологијата и рударството.“ Таа, исто така, и честиташе на министерката за тимот на извонредни експерти во Министерството, нагласувајќи дека нивната професионалност и посветеност се примери кои заслужуваат почит.

Министерката Божиновска се заблагодари на посетата и на можноста за размена на знаења и искуства, нагласувајќи ја посветеноста на Македонија кон развој на геолошката и рударската индустрија со одговорен и одржлив пристап. Во своето обраќање пред гостите, таа додаде:

„Соработката и споделувањето на експертиза и најдобри практики ни помагаат да ги постигнеме нашите цели и да придонесеме кон економскиот раст и развој на нашата земја“, истакнувајќи дека очекува оваа соработка да прерасне во континуирана размена на знаења и искуства во иднина.

На работниот состанок освен претставници на Министерството и Геолошкиот завод, присутни беа и претставници на Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Македонско Геолошко Друштво и претставници на Универзитет Гоце Делчев Штип – Факултет за природни и технички науки.

Естонската делегација, во рамките на својата посета, изврши теренска обиколка на рудникот „Боров Дол“, каде што беа запознаени со активностите и инфраструктурата на локацијата. Овој значаен објект претставува пример за успешна интеграција на одржливо рударство и заштита на животната средина, овозможувајќи им на гостите да се запознаат со тековните еколошки практики кои ги спроведува Македонија во рударскиот сектор.

За време на посетата, двете делегации разговараа и за можностите за заеднички проекти во областа на геолошките истражувања, развој на нови технологии во рударството и иницијативи за заштита на животната средина. Тие изразија заедничка подготвеност за продолжување на соработката и за размена на знаења и ресурси, со цел унапредување на оваа стратешка област за двете земји.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за нови иницијативи и соработки кои ќе овозможат дополнително зајакнување на секторот за геологија и рударство, со придонес кон економскиот и еколошкиот развој на земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk