8.8 C
Skopje
10 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски поттикнува партнерство меѓу образованието, стопанството и локалната власт за развој на...

Проданоски поттикнува партнерство меѓу образованието, стопанството и локалната власт за развој на Прилеп

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес присуствуваше на „Quadruple Helix Forum“ во организација на Економскиот факултет – Прилеп, каде што повторно беше нагласена важноста од поврзувањето меѓу академската заедница, бизнис секторот, студентите и локалната самоуправа.

На форумот учествуваа ректорот, деканката, професори, претставници на бизнис заедницата и студенти, кои преку конструктивни идеи и иницијативи укажаа дека токму ваквото вмрежување е темел за јакнење на локалната економија.

Проданоски истакна дека локалната самоуправа работи на градење силен мост меѓу знаењето и неговата практична примена, а Економскиот факултет го оцени како „столб на интелектуалната иднина“ на градот. Според него, секој нов дипломиран студент претставува нова енергија, визија и потенцијал за развој на Прилеп.

Тој нагласи дека неопходно е работодавачите да останат отворени за младите, студентите активно да се вклучуваат во заедницата, а факултетот да продолжи да создава кадар подготвен за современите економски предизвици.

„Само со заеднички напори можеме да создадеме услови младите да останат во Прилеп и да придонесуваат за развојот на градот“, порача Проданоски, додавајќи дека локалната самоуправа останува посветен партнер во оваа соработка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img