Home » Процесот за универзален снабдувач не е заглавен

Процесот за универзален снабдувач не е заглавен

by Журнал

Владините субвенции за електрична енергија со сигурност ќе бидат до крајот на јуни годинава, вели Фатмир Битиќи вицепремиер на Владата.

На новинарско прашање, дали владата преку државната ЕСМ ќе продолжи и во следниот период да покрива дел од реалната цена на струјата, Битиќи на ова прашање даде политички одговор.

„Субвенционирање на електричната енергија до 30 јуни оваа година, а следната влада што ќе биде предводена од СДСМ е подготвена, да донесе одлуки битни за граѓаните, а тоа е субвенција. Ако дојде друга влада, прашајте ги нив.“ – изјави Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.

А во меѓувреме, заглави изборот за Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Поминаа точно две недели од како се отворија понудите од тендерот на Владата, но засега нема одговор кој ќе го добие бизнисот ЕВН Македонија, ЕСМ Дистрибуција или компанијата ЕДС која според информациите е заедно со фирма од Србија која пак е во ликвидација. Од владата уверуваат дека се работи на изборот и во следниве неколку дена јавноста ќе биде известена.

Во однос на енергетиката во земјава, по објавувањето на информацијата од страна на Државниот завод за статистика дека во ноември лани од фотоволтаици биле произведени само 1,2 отсто од целото производство на електрична енергија во Македонија, од Регулаторната комисија за енегетика преку соопштение објавија дека лани биле издадени лиценци за фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност одречиси 400 MW. Според пресметките на регулаторот тоа е струја доволно за 175 илјади домаќинства. Но експертите одамна се на став дека стабилноста на енергетскиот систем во земјава и намалувањето на енергетската зависност мора да се осигура од други видови на производство на струја.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk