Проблемот со пасошите го ремети и туризмот. Имено граѓаните гневни и револтирани велат дека поради неможноста навреме да добијат валиден пасош им пропаднале букираните карти и сместувања а други пак ги откажуваат резервираните патувања.
Некои од нив сликани два месеци пред реализација на патувањето и сеуште немаат пасоши велат од туристичките агенции така што редовните тури за празниците 8 март и Велигден годинава ќе бидат доста намалени, јави Сител.
Останува незизвесно што ќе се случува и со оние групни средношколски екскурзии организирани од училиштата бидејќи сеуште нема обрасци за издавање на патни исправи.
Освен со патниците, туристичките агении имаат проблеми и со документите за нивните вработени, но и со документите за автобусите кои треба да ги возат турите.
Доколку во најскоро време не се најде некое соодветно решение за овој проблем кој впрочем и беше наметнат на граѓаните, оние што немаат пасоши со „Северна Македонија“, ќе останат да летуваат во домашните туристички центри.