Home » Проблематичниот ученик (10) од Загреб родителите го однеле во Италија

Проблематичниот ученик (10) од Загреб родителите го однеле во Италија

by Журнал.мк

Иако 10-годишниот ученик чиешто проблематично однесување ја блокираше работата на едно загрепско училиште требаше да биде подложен на стручна евалуација во јавна установа – по само неколку дена престанал да доаѓа.

Неговите родители потоа го однеле во странство и го испишале од третото училиште во кое учеше. РТЛ пишува дека родителите заминале во Италија со момчето без да ги известат социјалните служби.

„Не можеме да одговориме на прашањето каде е сега семејството, бидејќи во согласност со одредбите на Законот за семејство, јавноста е исклучена од постапките што се водат за заштита на интересите на благосостојбата на детето“, Ален Миниќ, раководител на Хрватскиот завод за социјална работа, изјави за РТЛ.

Останатите деца не одеа на час речиси две недели
За потсетување, поради однесувањето на момчето, учениците од четврто одделение не оделе на настава речиси две недели, додека целото одделение се испиша од неговото поранешно училиште.

Родителите можат да се оддалечат со детето доколку не го изгубиле старателството и доколку против нив не се води кривична постапка, објаснуваат експертите.

„Родителите можат слободно да патуваат и да го менуваат местото на живеење, но мора да ги почитуваат сите одлуки донесени од судот и од Заводот за социјални работи, во спротивно ќе направат кривично дело“, вели адвокатот Марио Медак.

Адвокат на групата родители: Излегува дека проблемот се реши сам
Во едното училиште што го посетувал поради него бил цел клас се испиша, а во последното – децата речиси две недели отсуствувале од настава.

Родителите и нивните адвокати беа изненадени од неочекуваниот пресврт. Дека момчето е испишано од училиште – никој не ги известил.

„За жал, се испостави дека проблемот се реши сам, така што момчето повеќе нема да оди во ова училиште, а државните органи не направија ништо во рамките на нивните овластувања“, изјави Клаудио Чурин, адвокатот на групата родители, за РТЛ.

Момчето требаше да оди на специјални часови
Експертите предупредуваат и дека институциите потфрлиле во овој случај.

„Доколку детето сега добива соодветна стручна помош во местото каде што живее, сè треба да биде во ред со него, но прашање е каква поддршка може да се обезбеди на оние деца кои се раселени и по другите училишта и кои не доаѓаа на часови – како сега да им се врати менталниот статус во нормално функционирање?“, вели Божидар Никша Тарабиќ, шеф на Канцеларијата за психолошка поддршка на Универзитетот во Загреб.

Истовремено, Градот донесе одлука за соодветна форма на школување за момчето. Деталите не ги открија, но како што дознава RTL, 10-годишното момче според новото решение требало да оди на посебен час.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk