Home » Приведени три лица при претрес во Штип

Приведени три лица при претрес во Штип

by Журнал

Денеска (19.01.2024) во 00.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип.

При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.

И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More