Home » Приведени се Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов

Приведени се Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов

by Журнал.мк

Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка по трагедијата во Кочани.

Засега нема точни детали, меѓутоа градоначалниците се приведени поради трагедијата која се случи во Кочани на 16.03.2025 година во која загинаа 59 лица, а повредени се околу 200.

Кобната дискотека работела од 2012 година, мандатот на Ратко Димитровски, а работеше се до кобната ноќ.

Инаку, во текот не денешниот ден порталот Плусинфо објави дека Ратко Димитровски бил против отворањето на дискотеката, која сепак била отворена за време на неговиот мандат.

Денеска во Кочани беа погребани 30 починати, останатите беа погребани во повеќе градови низ Македонија.

Од ОЈО ја потврдија акцијата.

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, соопштија од ОЈО.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk