Home » Приведени криумчари на мигранти

Приведени криумчари на мигранти

by Журнал

По претходно добиени оперативни сознанија, на 10.01.2024 во 13.45 часот на автопатот “Пријателство” во близина на с. Марвинци од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГН Михајлово било запрено патничко возило “ауди” со скопски регистерски таблички, управувано од Т. П. (38), а во возилото се пронајдени четири лица- мигранти од Кина.

Исто така, сопрено е возило “голф” управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото “ауди”. Т.О. и Т.П. се лишени од слобода. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More