Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе двајца скопјани поради извршена кражба.
Од МВР соопштија дека веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.