Home » Приведени двајца прилепчани при кражба во велешко село

Приведени двајца прилепчани при кражба во велешко село

by Журнал

Двајца прилепчани биле приведени при кражба во велешко село, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 22.30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото, наведуваат од МВР.

Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More