Home » Приведени 4 лица: Оштетиле угостителски објект и полициско возило

Приведени 4 лица: Оштетиле угостителски објект и полициско возило

by Журнал.мк

На 11.06.2024 во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Тие при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило.

Лицата беа задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More