Home » Приведен тетовец: возел 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Приведен тетовец: возел 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

by Журнал.мк

Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот Н.Л. од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.

Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk