Home » Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата

Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата

by Журнал.мк

Денеска на 16.06.2024 година во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Д.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.

Во Полициското одделение Сарај во текот на вчерашниот ден стигнала слична пријава, по што полициски службеници од Полициското одделение Сарај, вчера во 11.00 часот привеле лице од Скопје, со иницијали Х.М.(46), откако било пријавено дека вознемирувал 45-годишна жена.

– На 15.06.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45 – годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведува МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More