Home » Приведен малолетник од Тетово осомничен за кражба на автомобил

Приведен малолетник од Тетово осомничен за кражба на автомобил

by Журнал

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница соопшти МВР.

Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот.

Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, стои во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk