Home » Приведен крадец во Карпош, кај него најдени накит, часовници и други предмети

Приведен крадец во Карпош, кај него најдени накит, часовници и други предмети

by Журнал.мк

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа.

При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.

Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk