На 03.09.2024 во 11.25 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.Б.(32) од Косово, затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија.
Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.