Четириесет и двегодишен Косовец бил приведен вчера поради бесправна сеча на дрва на Шар Планина.
„Вчера во 19.10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Џ.Ц.(42) од Косово, постапувајќи по претходна пријава од вработен во Национален парк „Шар планина“ дека на место во атар на с.Јажинце вршел бесправна сеча на дрва. Тој бил затекнат при извршување на делото и по наредба на јавен обвинител бил спроведен и задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка. Додека, исечените дрва, моторната пила, секира и три коњи биле одземени“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.