Home » Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

by Журнал.мк

Полицијата приведе триесет и петгодишен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. – Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци. Лицето агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес. Заканите биле упатени во угостителски објект.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More