Home » Приведен е 29-годишник од прилепско Канатларци поради предизвикување пожар

Приведен е 29-годишник од прилепско Канатларци поради предизвикување пожар

by Журнал.мк

МВР информира дека синоќа во 21 часот во с. Канатларци, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с. Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека околу 19 часот кај место викано „Корија“ во атар на с. Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More