Home » Приведен е 25-годишник, осомничен дека ја тепал и ја силувал мајка си

Приведен е 25-годишник, осомничен дека ја тепал и ја силувал мајка си

by Журнал.мк

Истражен судија на Жупанискиот суд во Сплит осуди 25-годишник осомничен на две силувања на неговата мајка, додека едно кривично дело останало во обид.

Тие три случаи датираат од 2020 година и се утврдени во текот на истрагата откако оштетената пријавила семејно насилство, пренесуваат локалните портали.

Младиот човек се сомничи дека во последните четири години ја малтретирал мајка си барајќи и пари. Кога таа одбивала да му даде пари, тој ја удирал со клоци и боксови.

Минатата недела ја нападнал и откако се пожалил дека не му зготвила ручек. Ја удирал по главата и телото, ја влечел за коса. Жртвата се здобила со полесни повреди. Два дена подоцна, гледајќи ТВ програма и коментари за убиство, и рекол на мајка си дека на ист начин ќе ја убие.

Притворот е определен поради ризик од влијание врз сведоци, но и можност за повторување на делото, со оглед на тоа што насилството врз жртвата трае веќе извесно време, додека обвинетиот покажувал упорност и несовесност во извршувањето на кривичните дела.

Покрај тоа, тој развил зависност од алкохол и опијати, а во таква состојба правел и криминални дејствија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More