Home » Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

by Журнал.мк

На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва з акои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More