Home » Притвор за велешанец, ја тепал мајка си, па и се заканувал дека ќе ја убие

Притвор за велешанец, ја тепал мајка си, па и се заканувал дека ќе ја убие

by Журнал.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.

Како што информираат од Обвинителство, на 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие.

На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв.

„Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка“ се вели во соопштението на ЈО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More