Home » Пристигна новата „Toyota Yaris“, познати сите детали (ФОТО)

Пристигна новата „Toyota Yaris“, познати сите детали (ФОТО)

by Журнал

„Toyota“ ја претстави новата генерација на „Yaris“, воведувајќи нови технологии за да остане конкурентен во преполниот европски сегмент Б.

Клучните новитети се дополнителен хибриден погон, како и подобрена безбедност и помош за возачот.

Новата „Toyota Yaris“ го нуди електричниот погон „Hybrid 130“, а „Hybrid 115“ останува таму, како и досега. Со оваа „двојна хибридна“ стратегија, како што велат, „Toyota“ сака да привлече клиенти бидејќи тоа е еден од клучните критериуми при изборот на автомобил.

Електричниот 1,5-литарски систем се заснова на ефикасна потрошувачка на гориво, како и можност за продолжување на опсегот во електричен режим.

Моќта е зголемена на 62 kW, а севкупно тоа значи дека „Yaris“ сега има 130 „коњи“ наместо досегашните 116. Зголемен е и максималниот вртежен момент, од 141 Nm на 185 Nm.

Од 0 до 100 km/h новиот „Yaris“ пристигнува за 9,2 секунди, но нивните адути лежат во нешто друго – прилагодување на она што „секојдневниот“ возач го бара од автомобилот.

Според тоа, „Toyota“ во новиот „Yaris“ стави контролен екран кој има дијагонала од 7 или 12,3 инчи, во зависност од моделот. Тука е и новиот мултимедијален пакет „Toyota Smart Connect“, како и повеќе технолошки подобрувања.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More