Home » Пристигна целосно електричниот „Volvo EX90“ (ВИДЕО)

Пристигна целосно електричниот „Volvo EX90“ (ВИДЕО)

by Lina Muslija

Првиот контингент од овој теренец се упати кон дилерите во САД и Европа, а првите клиенти ќе седнат зад воланот на нивниот нов миленик до крајот на месецот.

Компанијата вели дека „EX90“ поставува нови стандарди за бренд за безбедност, одржливост и технологија фокусирана на возачот за да им го олесни животот.

Една од интересните работи, кога зборуваме за новите стандарди и безбедноста на возачот, е посебно предупредување: звучен сигнал што се огласува кога возачите цело време гледаат во патот пред нив.

Ова можеби на почетокот звучи глупаво, но всушност има смисла – „Volvo“ објасни дека „нормално е да се погледне на патот напред околу 80% од времето, бидејќи ако е околу 60% тогаш не гледате доволно, а ако е 90 % или повеќе, тогаш можеби само зјапате во една точка и размислувате за нешто друго“.

„Volvo“ се пофали со „AI“ технологијата во овој модел, која се базира на платформата „Nvidia Drive“, со додавање на платформата „Qualcomm Snapdragon“ за кокпитот.

„Volvo EX90“ доаѓа со два мотори и погон на четири тркала, со 402 ks за основниот модел и 510 ks за посилната верзија, а до „стотка“ достигнува за 5,7 секунди (4,7 за посилната верзија). Досегот му е до 600 километри, благодарение на батерискиот пакет со капацитет од 111 kWh.

Исто така, „Volvo“ вели дека ова е „нивното најбезбедно возило до сега“.

„’Volvo EX90’ е пионер на многу начини. Тоа е првиот автомобил на ‘Volvo’ со технологија ‘LiDAR’, како и првиот дизајниран да има ‘двонасочно’ полнење, така што клиентите можат да придонесат за одржливост. Тоа е исто така првиот автомобил од режим на ‘Abbey Road Studios’“, објави „Volvo“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk