Home » ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ: Вечерва приказната за македонската сивка, која ја има само на Плетвар, и е најзагрозен вид пеперутка во Европа

ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ: Вечерва приказната за македонската сивка, која ја има само на Плетвар, и е најзагрозен вид пеперутка во Европа

by Lina Muslija

Институтот за комуникациски студии и редакцијата на „ДОМА“ денеска од 19 часот во Природонаучен Музеј на Македонија ќе одржат јавна презентација и предавање околу приказната за македонската пеперутка сивка, опасностите со кои се соочува како и за плановите за нејзината заштита.

Македонската сивка, македонски стеноендемит кој единствено може да се сретне на сувите и карпести ридови на Плетвар претставува најреткиот и истовремено најзагрозениот вид пеперутка во Европа.

Овој мал сив летач е соочен со многу предизвици и опасности од климатски промени, до уништување на неговото живеалиште и нелегална трговија.

Како што соопштуваат од ИКС, на предавањето ќе биде прикажан и истражувачкиот документарен филм „Природата на продажба“ кој беше изработен од ИКС во соработка со Дојче Веле.

Фото: Принтскрин „Природа на продажба“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk