Home » Природно решение за справување со стрес и анксиозност

Природно решение за справување со стрес и анксиозност

by Lina Muslija

Денешниот динамичен начин на живот носи бројни предизвици кои понекогаш не можеме лесно да ги совладаме. Овие ситуации често резултираат во појава на стрес и анксиозност кои негативно влијаат на нашето физичко и ментално здравје, а исто така и на нашите односи со блиските. Присуството на хроничен стрес ја зголемува продукцијата на хормонот кортизол, што може да предизвика појава на страв, вознемиреност, агресивност и слични непожелни емоционални состојби.

Првото нешто што е важно е да се препознаат симптомите на стрес: забрзано срцебиење, брзо дишење, и затегнати мускули. Самосвеста и брзото препознавање на овие симптоми се клучни за справување со стресот. На тој начин, можеме да си помогнеме себе или на нашите блиски да ги ублажиме симптомите и да го намалиме влијанието на стресот во секојдневието.

Еден начин за справување со стресот е преку воспоставување здрави рутини. Практикувањето хоби или редовна физичка активност може значително да помогне во опуштањето и избегнувањето на акумулација на негативни чувства. Физичката активност, на пример, го стимулира ослободувањето на “хормоните на среќа” што ја подобрува нашата психичка состојба.

Сепак, понекогаш не сме во можност веднаш да се посветиме на активности што ни носат релаксација. Во такви моменти, природните препарати можат да бидат од голема помош.
CALM од Natura Therapy е еден таков природен производ, кој помага при регулирање на анксиозноста, стресот и другите нарушувања на расположението. CALM е 100% природен, не предизвикува несакани ефекти или зависност, и е безбеден за долготрајна употреба.

Истражувањата покажуваат дека голем дел од нашата среќа зависи од нашите лични одлуки, а не од околностите. Со правилен пристап и грижа за нашето ментално здравје, можеме да ги намалиме негативните ефекти на стресот и да го подобриме квалитетот на животот.

CALM содржи комбинација од природни екстракти: Ашваганда, Сибирски женшен, Пасифлора, Кава, 5-ХТП, и витамини од групата Б (Б5 и Б6). Овој производ е идеален за луѓе кои се соочуваат со анксиозност, депресија, зголемен стрес или други нарушувања на расположението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk