Home » Припадниците на армијата се справуваат со пожарите во неготинско, Mисајловски и Tошковски – на терен

Припадниците на армијата се справуваат со пожарите во неготинско, Mисајловски и Tошковски – на терен

by Журнал.мк

Како во воена состојба, вака рано изутрината  изгледаше локалниот пат што води кон штипското село Драгоево. Војници со десетина армиски возила, чекаа насоки  за да тргнат и им се спротистават на пламените јазици, во тешко пристапниот терен на планината Серта.  Стихијата не запира. Огнот се гаси од земја и од воздух.   Пожарот кој избувна во средата, се подели на три, а дел од огнот се движи и кон Криволак. Најалармантно е во неготинскиот регион, кај селото Калањево. Стотина припадници на Армијата се на терен, откако сношти Владата прогласи кризна состојба во рок од 30дена, а претседателката Сиљановска-Давкова, даде наредба во борбата со огнената стихија се вклучи и војската..

 „Рано утрово започнаа механизмите на кризната состојба. На терен покрај локалните пожарникри, дел од силите на Национални шуми, локалното население помагаат и сто припадници на армијата и 30припадници на МВР. Утринава полета и еден полициски хелихоптер  којшто активно учествува во гаснењето на пожарот на планината Серта кој е поделен на три крака, а малку подоцна се вклучија и два армиски хелихоптери со големи ведра, околу 2 тона изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Под контрола се држи ситуацијата во Општина Конче, а засега нема опасност за штипските села Селце и Драгоево. Таму гори ниско стеблеста и дабова шума. Според првичните информации пеплосани се над 80хектари, а огнената линија сношти достигнала пресек од 2,5 до 3,5 километри.

  „Пожарот меѓу селата Селце и Драгоево засега е стишен малку. Ќе видиме во попладневните часови каква ќе биде ситуацијата. Со една екипа сме упатени кон Неготино„ изјави Благој Ренџов, командир на ППЕ-Штип.

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие регистрирани се 21 пожар, а во моментот активни се само седум. Гори во општините Чашка, Ново Село, Гевгелија. Од утринава повторно е пуштен  регионалниот пат Штип-Неготино, кој сношти поради пламените јазици беше затворен за сообраќај.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk