Home » Принцот Вилијам се отвори: „Ова беше најлошата година во мојот живот“

Принцот Вилијам се отвори: „Ова беше најлошата година во мојот живот“

by Lina Muslija

Британскиот принц Вилијам е горд на својата сопруга Кетрин и на својот татко, кралот Чарлс Трети, бидејќи тие достоинствено и храбро се справуваат со своите здравствени битки, пренесува „Дејли мејл“.

Принцот призна дека изминатите неколку месеци биле „брутални“ за него и дека ова е најтешката година во неговиот живот.

„ИСКРЕНО? НАВИСТИНА БЕШЕ УЖАСНО. ВЕРОЈАТНО, ОВА Е НАЈТЕШКАТА ГОДИНА ВО МОЈОТ ЖИВОТ. СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ПОМИНЕМЕ НИЗ СÈ И ДА ОДРЖИМЕ СÈ НА ВИСТИНСКИ ПАТ. ТОА Е НАВИСТИНА ТЕШКО. НО, МНОГУ СУМ ГОРД НА СВОЈАТА СОПРУГА И НА СВОЈОТ ТАТКО ПОРАДИ СÈ СО ШТО СЕ НОСЕВМЕ. ОД ЛИЧНА, СЕМЕЈНА ГЛЕДНА ТОЧКА – БЕШЕ БРУТАЛНО“, РЕЧЕ ВИЛИЈАМ, ПА ДОДАДЕ ДЕКА НЕГОВАТА СОПРУГА Е ДОБРО.

Како што ѝ е познато на светската јавност, принцезата Кетрин се соочува со неоткриен облик на рак, кој ѝ беше дијагностизиран во февруари годинава, и оттогаш беше подложена на превентивна хемотерапија. Што се однесува до кралот Чарлс, нему му беше дијагностициран рак по рутинска операција на простата.

Принцот призна дека не мора да му се допаѓа дополнителната одговорност што доаѓа со неговата улога како принц од Велс, но го цени времето и слободата што ги има за да изгради големи глобални иницијативи како што е наградата „Earthshot“.

„МНОГУ Е ВАЖНО СО МОЈАТА УЛОГА, А И СО МОЈАТА ПЛАТФОРМА, ДА НАПРАВАМ НЕШТО ДОБРО. ДА ИМ ПОМОГНАМ НА ЖИВОТИТЕ НА ЛУЃЕТО И ДА НАПРАВАМ НЕШТО ШТО ИМА ВИСТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ“, РЕЧЕ ПРИНЦОТ.

„Зелените Оскари“, како што медиумите го нарекуваат доделувањето на споменатата награда, произлезе од фрустрацијата на принцот од глобалниот песимизам во однос на климатските промени и еколошката криза. Секоја година, во текот на една деценија, пет победници ќе добиваат еден милион фунти парична награда и менторство за да ги унапредат своите идеи. Оваа година учесниците подготвија најразлични проекти, од патики од биоразградлив материјал до нова технологија која ја доловува отпадната топлина и ја претвора во електрична енергија.

Доделувањето на наградата се одржа во Африка, континент со кој принцот има посебна врска бидејќи таму се повлече по смртта на мајка му, но и таму ја запроси сопругата Кетрин. Африканскиот хор на отворањето на церемонијата ја испеа „Circle of life“ од анимираниот филм „Кралот лав“, што, како што самиот призна, беше особено емотивно за принцот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk