Имено, еден таков избор е бела кожена тоалетна школка, којашто принцезата Ана, според наводите, му ја подарила на нејзиниот брат, тогаш – принц Чарлс. Се забележува и дека нивните божиќни подароци секогаш се нискобуџетни.
Дел од традицијата на кралскиот божиќен собир во Сандрингам е и да се разменуваат подароци. Така, наводно, и кралот Чарлс не сака скапи подароци, а тоа го потврдува и неговиот батлер, Пол Бурел.
– Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата.
И Дијана им оставала непристојни работи, за да ги засрами другите… Понекогаш, тоа е и целта – за тоа служат и „смешните подароци“ коишто често се среќаваат низ годините.
– Вилијам во една прилика, доби календар со голи жени и целиот поцрвене. (Шегата) успеа, раскажува батлерот.