Примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас коишто се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
Овие автобуси се обезбедени преку проектот EU4Clean Air вреден 10 милиони евра, кој треба да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, како најпогодени градови од загадувањето на воздухот и животната средина.
Тогашниот амбасадор на ЕУ во Македонија Дејвид Гир и советникот на УНОПС за Северна Македонија, Џијани Волпин го потпишаа договорот лани во јули во присуство на тогашната министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со градоначалниците на Битола Тони Коњановски, на Тетово Билал Касами и градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски
– Овој проект е наменет за да ги замени застарените и неефикасни бојлери во седум јавни згради кои го загадуваат воздухот во Скопје, Битола, Куманово и Тетово. Со овој проект ќе се донираат шест еколошки автобуси за градот Скопје и ќе се засадат 6.000 дрвца во четирите најголеми градови. Во рамки на проектот ќе се продолжи со проширување на пристапната мрежа за централно греење во Скопје, и ќе се набават и инсталираат станици за мерење на квалитетот на воздухот, рече на потпишувањето амбасадорот Гир.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=821786949964329