Home » Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух, велат од СДСМ Прилеп

Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух, велат од СДСМ Прилеп

by Журнал.мк

„Неспособната и неодговорна локална власт на ДПМНЕ ги труе граѓаните на Прилеп! Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо со голо око. Екстремно загадениот воздух штипи и на очи, и на нос, и на грло. И додека во останатите градови кои ги мачи истиот проблем, градоначалниците бараат решенија за справување со загадениот воздух, на Борче Јовчески такво нешто не му паѓа на крај на памет“, вели Ивона Кузмановиќ, членка на Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

„За Јовчески и за ДПМНЕ прилепчани немаат проблем со загадувањето, бидејќи мерните станици не покажуваат такво нешто. А не покажуваат бидејќи ги нема!

Прилеп е единствениот град во Македонија кој нема мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот, заради што не знаеме колкав е степенот на неговата загаденост.

Но она што го знаеме е дека дишиме канцероген воздух, дека загадениот воздух секоја година одзема се’ поголем број животи и дека власта на ДПМНЕ, како на централно така и на локално ниво, ниту има намера ниту пак знае како да се справи со проблемот.

Впрочем, Јовчески и ДПМНЕ ниту еднаш не проговорија на оваа тема и не покажаа грижа за здравјето на прилепчани. За тоа зборува и фактот дека не успеаја да ги реализираат средствата во висина од 1,5 милиони евра кои Владата на СДСМ ги оддели за изградба на фабрика за рециклирање на отпад и што дозволија ѓубриштето кај Алинци да гори и дополнително да загадува дури и во зима.

Ама чадот од депонијата не стасува до Австрија, каде градоначалникот Јовчески деновиве ги полни белите дробови со чист воздух.

Истовремено, не смееме да заборавиме дека Ана Лашкоска е заменичка на министерот за животна средина. И што има направено таа за заштита и подобрување на животната средина на прилепчани? Баш ништо, или малку помалку од тоа!

Господа од ДПМНЕ, прилепчани можеби ќе ви простат што градот е во темница. Што дупките по улиците прераснаа во кратери. Што орди кучиња демнат зад секој агол. Што ве изненади снегот во јануари. Што дивото градење доживува процут. Што градот го претворивте во паланка. Ама тоа што сте опасни по нивното здравје, што ги загрозувате нивните животи – сигурно нема да ви го простат!“, изјави Ивона Кузмановиќ, членка на Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk