Почитувани присутни, почитуван градоначалник, почитувани пратеници, драги гости.
На Светскиот ден на интелектуалната сопственост, го славиме придонесот на креаторите, пронаоѓачите и претприемачите кои го движат светот на иновативноста и креативноста, создавајќи дела што поттикнуваат промени и инспирираат поиновативна иднина.
Во организација на Државниот завод за индустриска сопственост беше одржана пригодна свеченост по повод одбележување на 26 ти април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, како и доделување на наградата „Патент на годината за 2024 година.
Темата на Светскиот ден на интелектуална сопственост 2025 година е: „Интелектуалната сопственост и музиката: „Почувствувајте го ритамот на интелектуалната сопственост!“.
Воедно, и оваа година како досега, во согласност со Програмата за работа на Заводот, комисијата составена од експерти од областа, го избра пронајдокот кој ги задоволи критериумите за доделување на наградата „Патент на годината за 2024 година“.
По повод свеченото одбележување, пред присутните почесни гости, добитници на наградите, градоначалници, пратеници, застапници од областа на индустриската сопственост како и вработените од Заводот, се обрати директорот на Заводот, г-н Ељјеса Незири со осврт на значењето на заштитата на правата од интелектуална сопственост за интергрирање на државата во Европската унија, за привлекување странски инвестиции, за валоризација на правата од интелектуална сопственост и еден од значајните фактори за развој на пазарот.
Притоа ја истакна улогата на Заводот како најважен двигател на заштитата на правата од интелектуална сопственост. Интелектуалната сопственост претставува средство за заштита на иновативниот и креативен потенцијал на креаторите и компаниите, а успешното управување со интелектуалната сопственост, дава предности на креаторите и компаниите, на иновациите во бизнисот, дополнителните приходи од лиценцирање, избегнување повреда на туѓите права, олеснет технолошки развој.
Директорот истакна дека овој напредок е неопходен со цел да се овозможи творците, иноваторите и компаниите, согласно стандардите на Европската унија, да бидат конкурентни како на пазарот на Европската унија така и на глобалниот пазар.