Home » Придобивки од консумирање лубеница

Придобивки од консумирање лубеница

by Журнал.мк

Лубеница ја одржува хидратацијата. Една лубеница со средна големина содржи околу 92 отсто вода, па затоа таа е одлична за да останете хидрирани. Водата е важен дел од функционирањето на телото. Всушност, водата сочинува 60 отсто од составот на човековото тело, што објаснува зошто овој плод игра така голема улога во сè тоа.

Лубеницата содржи многу витамини потребни на вашето тело, меѓу нив се витаминот А, Ц, Б-6. Исто така, лубеницата содржи и магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

Едно просечно парче содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата пак, може да биде заситена и да помогне при внесот на помалку калории воопшто.

Спречува болката во мускулите. Содржи Л-цитрулин – аминокиселина којашто помага да се намали болката во мускулите по тренинг. Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбањето.

Лубеницата го намалува крвниот притисок. Бидејќи цитрулинот помага во отворањето и опуштањето на крвните садови, тоа може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More