Home » При претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

При претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

by Журнал.мк

Во полициска акција на територијата на Кочани во текот на вчерашниот ден при која бил извршен претрес во приватен станбен објект пронајден е хероин и друха прашкаста материја.

За време на претресот во објектот биле затекнати четири лица на возраст од 22 до 43 години, тројца од Кочани и едно лице од Пробиштип кои во моментот на упадот користеле дел од дрогата која била пронајдена кај нив.

Според извештајот на МВР при претресот била откриена кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени. Одземената дрога е предадена на вештачење, а осомничените се задржани во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk