Home » Превентивни активности на СВР Тетово

Превентивни активности на СВР Тетово

by Журнал.мк

Денеска (27.02.) во просториите на Секторот за јавни дејности и образование на град Тетово, претставници од СВР Тетово, од Отсекот за превенција, заедно со претставници од Секторот за јавни дејности и образование при општина Тетово, со директори, педагози и психолози од сите основни и средни училишта во општина Тетово, како и претставници од Советот на родители, одржаa работен состанок во врска со оперативните акции „Превентива“ и „Безбеден сообраќај“, во рамки на кој беа презентирани информации за улогата, мерките и активностите што ги презема Отсекот за превенција при СВР Тетово во текот на второто полугодие од учебната година.

Притоа, беше нагласено дека во континуитет се подготвуваат проекти со едукативна содржина, прилагодени на возраста на учениците, во насока на одржување на поволна безбедносна состојба и јакнење на нивната свест околу последиците по нивната безбедност, здравје и заштита од девијантни однесувања. Особено во поглед на спречување на инволвираност во нарушувањата на јавниот ред и мир со физички напади, меѓуврсничко и сајбер насилство, како и предизвиците од социјалните мрежи, од говорот на омраза, од користењето на наркотични средства и алкохол, како и безбедноста на учениците во сообраќајот односно управување на моторни возила без да се стекнат со правото на управување .

Полициските службеници ја истакнаа потребата за формирање совети на родители, како и подготвеноста на полицијата за активно учество и соработка при свикување на заеднички состаноци, вклучително и со претставници од ЦСР, а околу различни теми за безбедноста на учениците, се со цел градење на доверба и зацврстување на врските во триаголникот ученик-професор-родител.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk