Во текот на вчерашниот ден (04.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во клуб на пензионери во Струмица реализираа превентивна активности со пензионерите, посетители на овој клуб.
Целта на активноста беше преку непосреден разговор со присутните да им се укаже за начините како да се заштитат од кражби, злоупотреба на лични податоци, случаи на семејно насилство и слично. Воедно, пензионерите беа запознаени како да ги препознаат можните измамници и да се заштитат од истите, а се со цел превенирање на состојби или настани во кои што тие би биле жртви на ваквите кривични дела.