Home » Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

by Журнал.мк

Вчера (07.04) по повод „Неделата на пешаците“, полициски службеници од ОВР Ресен реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот, на повеќе локации на подрачјето на Ресен.

Целта на активностите беше да им се укаже на пешаците, но и на возачите за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. Воедно, преку делење на летоци изработени во соработка со РСБСП на пешаците им беше укажано како правилно да се движат, да поминуваат улица само на обележан пешачки премин, да внимаваат на возилата кои наидуваат и слично, а на возачите им беше укажано кога наидуваат на пешачки премини секогаш да возат одговорно, да ја намалат брзината или да застанат со возилото.

Исто така, и полициски службеници од СВР Битола под мото – „Брзото возење убива“ на излезите од Битола реализираа превентивна активност насочена кон возачите на моторни возила, со низа препораки за безбедно управување на моторното возило и почитување на сообраќајните прописи, додека пак од ОВР Крушево, во текот на вчерашниот ден беше реализирана превентивна активност за побезбеден сообраќај под мото- „Не користи мобилен кога возиш“.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, пак, одржаа работна средба со претставниците на Локалниот совет за превенција при општината Македонски Брод, на која се разговараше за мерките за одржување на поволна безбедносна состојба на подрачјето на Македонски Брод.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk