Денеска (20.05) полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола во соработка со РСБСП спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а насочени кон задолжителното користење сигурносен појас и штетноста од употреба на мобилен телефон при возење.
Под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, едукативната активност беше реализирана во централното градско подрачје на Битола.
Полициските службеници апелираа до граѓаните за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени и едукативни летоци изработени со поддршка од РСБСП.
Инаку, исто така и од страна на полициски службеници од ОВР Крушево во централното подрачје во Крушево беше реализирана превентивна активност за безбедност во сообраќајот под мото „Алкохол и волан најлоша комбинација“.