Home » Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

by Журнал

На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип вчера биле реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот.

Како што соопшти денеска МВР, полициските службеници од овие Сектори за внатрешни работи во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кавадарци, Скопје и Пехчево, а во соработка со РСБСП, разговарале со граѓаните и возачите на теми од областа на сообраќајот кои што се исклучително важни за поединечната и општа безбедност во сообраќајот.

Превентивните активности, како што посочуват од МВР, се во рамки на повеќето сообраќајно-превентивни кампањи: „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“, „Не користи мобилен кога возиш“,„И јас и ти сме пешаци“, „Безбедноста на прво место“, како и „Паркирај совесно и одговорно“.

беше апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More