Home » Претстојната ноќ, како и утре (сабота) претпладне нов бран на обилни врнежи од дожд, снег и зголемување на снежната покривка кај нас

Претстојната ноќ, како и утре (сабота) претпладне нов бран на обилни врнежи од дожд, снег и зголемување на снежната покривка кај нас

by Журнал.мк

Во текот на претстојната ноќ, како и утре (сабота) во претпладневните часови од запад и југозапад над Македонија ќе помине поголем влажен воздушен бран кој ќе донесе нови пообилни врнежи од дожд, додека на планините, а во западните и во северните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег, па така на планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка ќе се зголеми.

Можно е во погоре споменатите предели, иу тоа поради продор на поладен воздух од север, снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што услови за врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места.

Во Скопскиот регион исто така со овој бран ќе има повремено пообилни врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег.

За време на овој влажен бран локално ќе наврне позначително количество на воден талог ( над 20 литри на метар квадратен)

Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој утре (сабота) попладне ќе го промени својот правец во северн, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет.

По овој бран следува краткотраен прекин на врнежите, за во недела ноќта кон понеделник повторно да имаме нови врнежи од дожд и снег на планините и на Скијачките центри, како и повторно зголемување на снежната покривка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk