Home » Претседателството на БиХ: Ситуацијата во државата е „драматична“, ние сме во најголемата криза од 1995 година

Претседателството на БиХ: Ситуацијата во државата е „драматична“, ние сме во најголемата криза од 1995 година

by Журнал.мк

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ денеска во Азербејџан изјави дека ситуацијата во БиХ е „драматична“ и дека тоа е најголемата криза од потпишувањето на Дејтонскиот договор, објавија босанските медиуми.

На панел дискусијата на Глобалниот форум во Баку, Цвијановиќ рече дека БиХ е „пропадната земја во која легално и демократски избраниот претседател на Република Српска е жртва на монтиран судски прогон, инициран врз основа на одлука на нелегален и неизбран странец“.

Таа додаде дека „неизбраниот странец“, како што функционерите на Република Српска го нарекуваат високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, не застапува никого и нема право да донесува закони, бидејќи тоа не е одобрено со Анекс 10 од Дејтонскиот договор, објави Претседателството на БиХ.

Цвијановиќ рече дека ова претставува „врв на неуставниот и антидејтонски странски интервенционизам, кој сериозно го контаминираше демократскиот развој, владеењето на правото и процесот на помирување во БиХ во изминатите 30 години“.

Таа изјави дека единственото решение за БиХ е „итно да се елиминираат последиците од штетните дејствија на странците, а сите идни одлуки да бидат исклучиво резултат на внатрешен дијалог меѓу демократски избраните претставници во домашните институции“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk